Сликата стара 2.000 години откриена на половина урнат ѕид за време на неодамнешните ископувања во археолошкиот парк во Помпеја - блиску до Неапол, „родното место“ на пицата, прикажува сребрен послужавник на кој има тркалезен леб со свежо и сушено овошје, како што се калинки и урми.
Но експертите забележаа дека оваа древна верзија на денешната современа пица не вклучува класични состојки како домати и сирење- состојки кои не беа достапни во тоа време, туку, наместо тоа, вклучуваше предмет што наликува на ананас.
Се верува дека фреската прикажува „гостопримливи подароци“ понудени на гостите, според грчката традиција која датира од хеленистичкиот период.
Римскиот град Помпеја бил затрупан во пепел откако вулканската планина Везув еруптирала во 79 н.е., при што загинале околу 2.000 луѓе.
Урнатините на градот, кои беа откриени во 16 век, дадоа ризница на индиции и артефакти што археолозите ги откопуваа уште од првите ископувања во 1748 година.