Познатиот џемпер на принцезата Дијана ќе биде ставен на аукција

Познатиот џемпер на принцезата Дијана ќе биде ставен на аукција

Принцезата Дијана од Велс загина во август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.
Познатиот џемпер на принцезата Дијана на аукција во септември / Photo: AA

Црвено-белиот џемпер на принцезата Дијана, познат како „црната овца“, кој беше изгубен со децении, за прв пат ќе биде ставен на аукција во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк на 7 септември. Се очекува да биде продаден за 70 000 фунти (81.000 евра).

Од смртта на принцезата Дијана поминаа речиси три децении. Со години, кралските колекционери се мачеа да поседуваат еден од предметите на принцезата кога ќе излезат на аукција.

Принцезата Дијана од Велс загина во август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

Со неа починал и нејзиниот тогашен партнер, египетскиот бизнисмен Доди Фајед. Таа ноќ, на 31 август 1997 година, парот го напуштил хотелот „Париз Риц“ околу полноќ и додека возеле со голема брзина во обид да ги избегнат папараците, возачот изгубил контрола над возилото и удрил во столб од тунел.

Погребот на принцезата го следеле 2,5 милијарди луѓе ширум светот.

Од свршувачката со принцот Чарлс, хуманитарната работа и необичната харизма, принцезата Дијана го привлече вниманието а светската јавност, а важи за една од најпопуларните и најфотографираните жени во светот.

Последна хуманитарна посета

Во август 1997 година, Дијана ја посети Босна и Херцеговина, каде што се сретна со жртвите од нагазни мини како дел од нејзината кампања да го привлече вниманието на глобалниот проблем со неексплодираните убојни средства.

Дијана помина три дена во БиХ и ги посети жртвите во неколку градови, и им даде поддршка и надеж за подобро утре.

Оваа посета на Босна и Херцеговина беше последна хуманитарна посета на саканата принцеза, бидејќи дваесетина дена подоцна таа загина во сообраќајна несреќа во Париз.

AA
Популарни