Фестивалот наменет за љубителите на видео игри, сериите, филмовите, анимациите, книгите, стриповите и поп културата - Games.con, отворен е денес на Белградскиот саем, во салите 1 и 2, на повеќе од 25.000 квадратни метри.
Седмото издание на фестивалот ги собра најзначајните претставници на индустријата на модерната забава а организаторите поучени од претходните изданија на фестивалот очекуваат и неколку десетици илјади посетители.
Во текот на фестивалот кој трае три дена посетителите очекуваат најквалитетен гејминг, уметнички и натпреварувачки содржини, со многу забава, и како што организаторите најавија, поттикнување идеи и многу податоци.
Посетителите ќе имаат можност да дознаат се за новитетите од гејминг индустријата, да ги играат најновите игри, а победниците ги очекуваат вредни награди.
За љубителите на популарната култура обезбедена е широка лепеза на најпопуларните стрипови, анимации и останати филмови, книги и серии од водечките светски франшизи и богата музичка програма. На Games.con ќе биде одржано и „cosplay“ натпреварување и турнир во мечување, а фестивалот трае до 27 ноември.