Јакутск: Најладниот град на светот со температури од -60           Фото: АП архива

Температурите во сибирскиот Јакутск паднаа до минус 50 степени Целзиусови оваа недела за време на невообичаено долгиот студен период. Овој град е познат како најстуден во светот. Јакутск се наоѓа на околу 5.000 километри источно од Москва, а за жителите на овој рударски град температурите од 40 степени Целзиусови под нулата не се невообичаени.

„Не можеш да се бориш со таков студ. Или се прилагодуваш и се облекуваш според времето или ќе страдаш“, вели Анастасија Груздева, која пред да излезе надвор замотала два шала околу вратот, облекла два пара ракавици на рацете и неколку капи.

„Во градот навистина не го чувствувате студот во толкава мера. Или вашиот мозок е подготвен за тоа“, рече Груздева, излегувајќи во градот обвиен со ледена магла.

Друг жител на Јакутск, Нургусун Старостина, кој продава замрзната риба на пазарот, без потреба од фрижидер или замрзнувач, вели дека нема посебни тајни за справување со студот.

„Треба само да се облекувате топло, слоевито, како зелка”, изјави Старостина.

TRT Balkan / агенции
Популарни