Паркингот е лоциран во близина на националниот Ријксмузеј и музејот Ван Гог, а исто така може да се изнајми за 750 евра / Photo: Reuters

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза.

На огласите за недвижности Фунд паркингот е огласен за 495.000 евра и е најскап во земјата, пишува холандскиот медиум РТЛ.

Има површина од 18 квадратни метри и се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“.

Според агенцијата за недвижности Јил Хуле, паркингот е лоциран е на П.Ц. Хуфштрат, на дофат на националниот Ријксмузеј и музејот Ван Гог, а исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Соопштението ја шокираше Холандија, која инаку е погодена од тешка станбена криза. Имено, бараната цена на паркинг е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.

Покрај скокот на цените, РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

Местата за паркирање се „сè поретки и нивната вредност се зголемува, но секако таквиот простор не вреди половина милион евра“, пишува РТЛ.

Со ова не се согласува основачот на агенцијата за недвижности Јил Хуле, кој посочува дека населбата во која куќите се продаваат за неколку милиони евра е преполна со скапи станови и автомобили.

„Надворешен простор нема, така што паркирањето на овој простор е многу отежнато и ретко има место за паркирање“, објаснува тој.

РТЛ посочува и дека страницата Фунд, на која е објавен огласот, не контролира дали бараните цени одговараат на вредноста на она што се продава.

„Само зависи дали некој е доволно луд да ја плати таа сума“, истакнуваат тие.

TRT Balkan / агенции
Популарни