Првите фармерки биле креирани во 19-тиот век за време на „Златната треска“ во САД, како работни панталони наменети за копачите на злато и рударите на кои им требала облека од цврсти материјали.
За првпат во масовната продажба се нашле во 1873 година кога баварскиот трговец Леви Штраус од Сан Франциско и кројачот Џејкоб Дејвис од Невада ги патентирале првите фармерки за масовно носење.
Фармерките станале популарни во 1950-тите години. Патентите биле вградени за првпат во 1954 година и помладата генерација почнала да носи тексас панталони како рекреативна облека.
Во 50-тите години од 20 век со популарноста на филмот како уметност и фармерките стануваат исклучително популарни во цел свет. Станаа симбол на слободата и ги носеа познатите бунтовници Џејмс Дин и Марлон Брандо.
Фармерките во Европа било тешко да се најдат бидејќи претставувале декадентен стил, а подоцна станале популарни.
Денес, фармерките се секојдневие. Тие се неизоставен дел од машката и женска облека без оглед на возраста,а се носат во различни пригоди.