Најпродаваната видео игра „Мајнкрафт“ (Minecraft) ќе стане дестинација во реалниот живот, заснована на договорот вреден повеќе милиони фунти меѓу операторот за тематски парк Мерлин Ентертејментс (Merlin Entertainments) и развивачот на видео игри Мојанг студио (Mojang Studios) за отворање на тематски паркови во Велика Британија и САД.
Мајнкрафт склучи договор со британската компанија Мерлин Ентертејментс, најголемиот европски оператор за тематски парк и втор по големина на глобално ниво по Дизни, кој управува со повеќе од 135 атракции во 23 земји, вклучувајќи ги Алтон Тауерс (Alton Towers), Леголенд (Legoland), Морски живот (Sea Life), Музејот Мадам Тисо (Madame Tissauds) и Лондонското око (London Eye).
Според условите на договорот, Мерлин ќе инвестира повеќе од 85 милиони фунти во првите две атракции, кои треба да бидат отворени во Велика Британија и САД во 2026 и 2027 година, или во постоечки тематски парк или како нови атракции во центарот на градовите.
На долг рок, двете компании планираат да го прошират стратешкото партнерство на други земји и територии.
Мајнкрафт е најпродаваната видео игра на сите времиња, со 140 милиони играчи секој месец, на различни места како Антарктикот и Ватикан, а има повеќе од 1,3 трилиони видеа поставени од играчите на ЈуТјуб.
Филмот Мајнкрафт, по многу одложувања треба да се појави следниот април, а на почетокот на оваа година Нетфликс објави дека планира да објави анимирана серија базирана на играта.
За Мерлин, ова партнерство има потенцијал да стане најголемиот договор откако потпиша договор со Лего за купување на четири тематски паркови Леголенд во 2005 година.
Минатата година Мајнкарфт стана првата индивидуална видео игра која надмина 300 милиони продадени копии, далеку пред другите најпродавани светски наслови, вклучувајќи ги „Гренд Тифт Ауто (Grand Theft Auto)- 205 милиони, Нинтендо Ви Спортс (Nintendo Wii Sports) - 83 милиони и ПУБГ Батлграундс (PUBG : Battlegrounds)- 75 милиони.
Франшизите Тетрис (Tetris) и Супер Марио (Super Mario) се продадени во повеќе копии, но Мајнкрафт, која беше лансирана во 2011 година, е единствената игра без дополнителни варијанти што го достигна тоа ниво.