Популарниот интернет сервис „ДаунДетектор“ забележа повеќе од 100.000 поплаки во периодот од 18.30 до 19.10 часот / Photo: AA

Фејсбук, Месинџер и Инстаграм паднаа, а проблеми има и ВатсАп, јавуваат голем број корисници ширум светот.

Голем број корисници имаат проблеми при логирање на Фејсбук - оние кои се одјавиле од своите сметки не можат повторно да се логираат, а оние кои се веќе најавени практично не можат ништо да направат на таа социјална мрежа.

Корисниците исто така се жалат дека не можат да испраќаат пораки на Месинџер и ВатсАп.

Дека имаат проблеми со апликациите на Мета, корисниците се пожалија на мрежата која беше единствената што работеше во тоа време - на X.

Поплаките од корисниците на социјалните мрежи на Мета почнаа посериозно да се трупаат во 18.30 часот, а популарниот интернет сервис „ДаунДетектор“ забележа повеќе од 100.000 поплаки во периодот од 18.30 до 19.10 часот.

Ситуацијата се подобри пред 20:00 часот. Тогаш бројот на поплаки се намали на 28 илјади.

Мета на социјалната мрежа Х објави дека е свесна за проблемот и работи на негова санација, пренесува Форбс.

TRT Balkan / агенции
Популарни