Турчинот Султан Ќосен од градот Мардин, висок 2,51 метар, е сопственик на титулата највисок човек во светот.
Највисокиот човек во светот во Калифорнија се сретна со најниската жена во светот, Индијката Јоти Амге, висока само 62,8 сантиметри.
Ќосен и Амге влегоа во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година и оттогаш немаат конкуренција.
Освен со својата висина, Турчинот влезе во Гинисовата книга на рекорди и со своите долги дланки 27,5 сантиметри и стапала долги 36,5 сантиметри во 2009 година.
По шест години Ќосен и Амге повторно се сретнаа во Калифорнија, каде што заедно појадуваа, а на крајот се фотографираа за спомен.
Денес и двајцата патуваат во Лос Анџелес на покана на американски продуцент што ќе ја овековечи средбата на највисокиот човек и најниската жена во светот.
Ќосен и Амге се сретнаа и во Каиро во 2018 година на покана на Министерството за култура и туризам на Египет и притоа ги посетија пирамидите во Гиза.