Фитр Бајрам, круната по завршувањето на постот / Photo: AA

Празникот којшто денеска го слават 1,9 милијарди луѓе ширум светот се нарекува Фитр Бајрам. Овој празник е „духовна круна“ на секој муслиман, која тој ја носи со гордост, имајќи го предвид фактот дека верниците штотуку извршија еден од главните богослужби на исламската вероисповед - постот на месецот Рамазан.

Етимологија и називи

Зборот „фитр“ значи нов почеток или природност. Верниците, значи, почнувајќи од овој ден се враќаат на своето секојдневие, со нов почеток, со тоа што веќе имаа можност да се прочистат духовно во текот на месецот Рамазан.

Фитр Бајрам на македонски се нарекува и е попознат и како Рамазан Бајрам. Ова се должи на фактот дека овој празник се случува веднаш по Рамазан.

Време и времетраење

Фитр Бајрам се случува на 1, 2 и 3 во месецот Шевал. Месецот Шевал е десеттиот месец според лунарниот календар. Како што Рамазан се враќа наназад околу 10 дена, така се враќа и Фитр Бајрам, следниот Бајрам (Курбан Бајрам), аџилак итн.

Следствено, сите овие споменати ги поминуваат сите месеци и сите годишни времиња во целосна ротација во текот на околу 30 години.

TRT Balkan / агенции
Популарни