Консумирањето премногу шеќер може да доведе до бројни негативни здравствени проблеми       Фото: Ројтерс

И покрај растечката грижа за начинот на исхрана, незамисливо е да се живее без консумирање шеќер. Овој производ во една или друга форма е составен дел на речиси секоја пакувана храна што може да се купи, но е дел и од балканската домашна кујна.

За тоа колку шеќер се консумира во земјите во светот, анализа објави веб-страницата Ландгеист врз основа на податоците од Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Кој е балкански лидер?

Меѓу најголемите потрошувачи на шеќер во земјите од регионот, врз основа на податоците на Организацијата на ОН за храна и земјоделство, се вбројува и Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија консумираат 36,7 килограми шеќер по глава на жител годишно.

Балкански лидери во консумирање шеќер Others

Хрватите се втори со 33,8 кг. шеќер по глава на жител годишно, а потоа следат Србите со 22,4 кг. По глава на жител. Подолу на листата се Црногорците со 21,2 кг, Албанија со 18,6 кг. и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 кг. шеќер годишно.

Најмногу и најмалку во светот

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ООН, шеќерот е производ кој најмногу го консумираат Европејците и Северноамериканците.Во Европа, исто така, постојат некои специфични географски распределби на консумацијата на шеќер.

Консумирањето на шеќерот е најзастапено во Западна и во Централна Европа. Со 48,3 килограми годишно, Белгија има најголема потрошувачка на шеќер по глава на жител во Европа и една од највисоките во светот. Белгија е и најголемиот потрошувач на безалкохолни пијалоци засладени со шеќер во Европа.

Потоа следат Полска со 45,7 кг годишно, Малта со 43,8 кг и Данска со 40,4 кг, кои се единствените други европски земји каде потрошувачката на шеќер е над 40 килограми по глава на жител.

Најдолу на табелата се Луксембург со 10,8 килограми годишно, што е огромна разлика во споредба со нејзиниот сосед, Белгија. Потоа следуваат грчката администрација на Јужен Кипар со 17,6 кг., Босна и Херцеговина со 18,3 кг., Албанија со 18,6 кг., Словенија со 19,4 кг. и Летонија со 19,9 кг..Сите имаат потрошувачка на шеќер по глава на жител под 20 килограми.

Негативни последици

Консумирањето премногу шеќер може да доведе до бројни негативни здравствени проблеми, како што се зголемување на телесната тежина, зголемен ризик од расипување на забите и високо ниво на шеќер во крвта, што може да го зголеми ризикот од развој на некои хронични болести како што е дијабетесот.

Податоците на Ландгеист не го вклучуваат необработениот шеќер, туку количината на производите што содржат шеќер.

TRT Balkan
Популарни