Поради високите цени на енергијата и инфлацијата, повеќе од два милиони луѓе во Германија бараат помош во банките на храна, соопшти непрофитната организација „Тафел Дојчланд“ (Tafel Deutschland).
„Ситуацијата е исклучително напната во сите банки на храна“, порачаа од здружението за весникот „Ди Велт“ (Die Welt), истакнувахќи дека побарувачката значително пораснала во однос на претходната година.
Истакнаа дека банките на храна сега повеќе ги посетуваат и луѓето кои имаат работа и дека на тоа влијаел растот на цените и влијанието на руската војна во Украина.
Меѓу оние на кои им е потребна помош се многумина бегалци од Украина.
Во Германија постојат околу 960 банки на храна. Корисниците во нив добиваат храна која повеќе не може да се продаде. Според истражувањето на DIW, три четвртини од оние кои бараат помош во банките на храна живеат од основна социјална помош.
На многумина од нив им се заканува сиромаштија и имаат здравствени проблеми.
Меѓу бројни корисници се и самохраните родители и парови со деца, кои сочинуваат четвртина од вкупниот број.