Централниот настан по повод празникот Рамазан Бајрам во Северна Македонија беше организиран во џамијата „Мустафа Паша“ во главниот град Скопје, под покровителство на Исламската верска заедница (ИВЗ) на земјата.
Историската џамија „Мустафа Паша“ беше полна со граѓани кои дојдоа да ја извршат бајрамската молитва (Бајрам намаз), вклучително и во дворот на оваа џамија.
На програмата по повод овој празник се изведуваа илахии на албански, турски и на босански јазик.
Обраќањето на имамот за време на одбележувањето на Бајрам ја читаше претседателот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, кој упати порака за мир, здравје и среќа.
По бајрамската молитва, Фетаху во изјава за медиумите им го честита празникот на сите верници.
Албанија
Муслиманските верници во Албанија молитвата по повод Рамазан Бајрам ја извршија на плоштадите, но и во џамиите низ земјата.
Централната програма на бајрамската молитва се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, со учество на илјадници верници.
Косово
Овој Рамазан Бајрам, муслиманските верници во Косово бајрамската молитва ја обавија во џамиите.
Голем број верници беа дел од бајрамската молитва во Големата џамија „Султан Мехмет Фатих“ во Приштина.
Претседателот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Тернава, во своето обраќање им го честита празникот на сите верници.