Палестинка раскажа за ужасот што го доживеала при израелските напади

Неодамна во јавноста протече шокантно видео на кое се гледа како куче на израелската армија, по команда на израелските војници, напаѓа старица во Појасот Газа.

Видеото е снимено со помош на камера поставена на кучето.

Видеото е снимено за време на рацијата извршена пред две недели во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа.

Старица Далат Абдула Ал Танани за Агенција Анадолу изјави дека израелските војници пуштиле куче да ја нападне додека таа спиела.

„Спиев во креветот кога наеднаш почувствував како куче ме влече и ме гризе. Тоа беше куче што никогаш порано не сум го видела. Ме влечеше и ме касаше. Ме влечеше низ собата и низ целата куќа. Не можев да се придвижам бидејќи кучето не ме пушташе. Како да се обидуваше да ме извлече од дома. Кога некои луѓе ја слушнаа вревата, му викнаа на кучето да престане. Тоа беше кукавичко и подло куче“, раскажа Ал Танани.

Нејзината рака сѐ уште е во завои кои ѝ биле ставени по тешките повреди здобиени од нападот на кучето.

Палестинката истакна дека ваквите напади се доста честа појава во Газа, додавајќи дека инволвираните во овие напади треба да бидат казнети.

AA
Популарни