Ветувањата за демократија во Ирак не се остварија / Photo: TRT World

„Подобро да владееш во пеколот отколку да служиш во рајот“. Ова прецизно го сумира ставот на еден просечен носител на политичка моќ во Ирак, две децении откако САД и нивните сојузници ја нападнаа и окупираа земјата во име на демократијата, слободата и просперитетот.

Наместо отворената, транспарентна демократија која му даде глас на народот, Ирачаните сега се на милост и немилост на фантастично корумпираната кабала од политички елити, од кои речиси сите се задолжени за интересите на странските сили, пред се на САД и на соседниот Иран. Тие го претворија Ирак во вистински пекол, со секти, експлоатација и недржавно и државно спонзорирано насилство како норма.

Неисполнети ветувања

Очигледно, ова е далеку од ветувањата на поранешниот претседател Џорџ Буш. Во пресрет на инвазијата, тој одржа говор и се заколна:

„Ќе го урнеме апаратот на теророт и ќе ви помогнеме да изградите нов Ирак кој е просперитетен и слободен. Во слободен Ирак, нема да има повеќе агресивни војни против вашите соседи, нема повеќе фабрики за отрови, нема повеќе егзекуции на неистомисленици и нема повеќе комори за мачење и соби за силување. Наскоро тиранинот ќе го нема. Денот на вашето ослободување е близу“.

Но сепак во Ирак немало „фабрики за отрови“, ниту пак постоел „апарат на терор“ до периодот по инвазијата. Не само што Ал Каеда воспостави упориште во хаосот создаден од инвазијата на западните сили, туку на крајот се претвори во ДАЕШ и ја запали целата земја и регион во 2014 година. Тогаш Ал Каеда освои речиси една третина од Ирак, што бараше скапа меѓународна реакција.

Да не заборавиме дека првиот објект за тортура и силување во индустриски размери во пост-баатистички Ирак всушност беше од САД и Абу Граиб. Сепак, не беа само САД одговорни за таквите ужасни злосторства, туку и нивните нови сојузници кои ги инсталираа во Зелената зона на Багдад. Многу високи ирачки политичари кои беа поддржани од Вашингтон, вклучително и поранешниот премиер Нури ал Малики, поддржан од Техеран, беа тврдоглави шиитски екстремисти кои гледаа на секое изразување на сунитското самоопределување како на лична навреда што мораше насилно да се отстрани.

Тој и неговите сојузници - од кои многумина се директно вклучени во милициите спонзорирани од Иран - започнаа кампања на секташка репресија што може да се спореди со злото што го ослободи ДАЕШ. На пример, сунитскиот град Јурф ал-Сахр, југозападно од главниот град, беше подложен на секташка кампања за чистење во 2014 година под изговор за ослободување на градот од ДАЕШ.

Во 2023 година не само што на првобитните жители не е дозволено да се вратат во своите домови, туку и градот беше окупиран од семејствата на шиитските милитанти и преименуван во Џурф ал-Наср. Тоа е дрзок обид за бришење на неговиот идентитет и историја – докази за можен геноцид.

Насилството и секташките кампањи се доволно лоши, но не кажува ништо за недостатокот на просперитет што го вети Буш. И покрај тоа што поседува петти по големина докажани резерви на нафта во светот, според податоците на ирачкото Министерство за планирање, 25 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија. Толку е длабок непотизмот и корупцијата што според годишниот Индекс за перцепција на корупцијата објавен од Транспаренси Интернешнл, Ирак е редовен претендент за најкорумпираната земја во светот.

Демократијата е изгубена

Сето ова влијаеше на постепено намалување на излезноста на изборите. Во декември 2005 година, излезноста беше респектабилна 79,6 отсто. Сепак анкетите потоа покажуваа намалување на интересот на гласачите и на последните избори во 2021 година излезноста беше 36 отсто кои подоцна беа ревидирани на 43 отсто од ирачката изборна комисија.

Според овие факти Ирачаните ја изгубиле вербата во лагите. Многу луѓе, меѓу нив и јас, гласавме на првите парламентарни избори и мислевме дека ќе придонесеме за демократски потреси во новиот систем. Сепак, вистината е застрашувачка.

Едноставно, нема демократија во Ирак, и крајно време е меѓународната заедница и САД како главен актер да ги исполнат своите ветувања дадени пред две децении.

И покрај зголемената моќ на Кина и Русија, САД сè уште се најмоќната земја во светот и можат, доколку сакаат, да постават црвени линии. Ирачката влада треба да знае дека ако не преземе вистинска акција за да се бори против злото што ќе има реперкусии.

Знаеме дека САД немаат проблем со поставување ултиматуми и барања, бидејќи таа улога ја играа до совршенство кога Садам беше на власт и на други места. САД имаат историска одговорност за мизеријата воо Ирак и тие имаат моќ да ги исправат работите. Да не се залажуваме дека Америка сега е немоќна да бара унапредување на правата на што се надева еден секој Ирачанец. Тоа се права кои се применуваат во САД. САД сигурно може да го стори тоа, но се сомневам дека ќе се обиде.

Талха Абдулразак е наградуван академик и писател, со специјалност за стратешки и безбедносни прашања од Блискиот Исток.

TRT World
Популарни