Луѓето велат „Волкот го менува влакното, но никогаш карактерот“. Една година откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, сè уште е дискутабилно дали милитантното движење, за време на својот прв мандат на власт, доволно се смири за да се справи со притисоците на водењето земја која постојано е во фокусот светското внимание.
Некои коментатори и аналитичари тврдеа дека талибанците се промениле и еволуирале, но тие згрешија во многу нешта. Еден специфичен аспект кај талибанците се уште е непроменет - нивната потрага по меѓународно признавање.
Талибанците во 90-тите им пристапија на Соединетите Држави и Обединетите нации за да бидат признати како легитимна влада на Авганистан. Сепак, нивните постапки дури и тогаш ја поткопаа нивната сопствена кауза. Изминатата година од нивното владеење беше повторување на историјата.
Гласноговорниците на талибаните ги повторуваат критериумите од Конвенцијата од Монтевидео за државноста, но условите за признавање се поинакви. Иако е тачно дека талибаните го контролираат населението, управуваат со одредена територија и имаат влада способа да влегува во надворешни односи, овие услови Авганистан ги исполнуваше дури во 18 век.
Признавањето од страна други држави, што имплицира дека тие ги гледаат талибанците како легитимна влада на Авганистан, би барало од сегашното раководство да исполни одредени други услови, додека земјите како САД се справуваат со хуманитарните прашања на неполитички начин и ги ослободуваат замрзнатите средства.
Талибанците би можеле или да ги убедат поединечните земји да ги признаат и да се надеваат дека тоа ќе создаде домино-ефект кај земјите што се спротивставуваат, да се обидат преку механизам како референдум или локализирана „џирга“ - собрание на лидери официјално да бидат признаени како легитимна Владата на Авганистан, или да ги исполни обврските од повелбата на ОН и да му се даде на Авганистан место во Генералното собрание.
Иако талибанците како целина бараат признавање, само некои меѓу нив разбираат дека тоа е условено со исполнување на одредени меѓународни стандарди. Оние меѓу талибанците кои ја посочуваат хипокризијата на САД и другите кои ги признаваат владите што далеку ја надминуваат бруталноста на талибанците имаат точна проценка. Разликата е во тоа што тие влади или самите владејат со моќни дружави или се дел од моќен воено-политички блок. Талибанците не се вкклопуваат во ниту една од овие категории.
Најблиските пријатели на талибанците се чини дека се двоумат да ги признаат без благослов од САД. Ослободувањето на замрзнатиот имот на Авганистан, за талибанците може претставува прв чекор со кој САД, како хегемон на светот, неформално ги признава талибанците како влада на Авганистан.
Талибанците постојано се приближуваа кон ослободување на замрзнатиот имот, ресурси кои им се очајнички потребни за да и помогнат на економијата да најде свое упориште. Почетниот предизвик беше да се најдат потписници на фондовите кои легално би можеле да потпишат што треба да се направи со средствата. Различни сектори на американската влада одржаа состаноци со авганистанските засегнати страни за да се справат со тој предизвик.
Кон крајот на февруари и почетокот на март Бајденовата администрација, откако држеше половина имот во чекање на побарувањата од жртвите од 11 септември, конечно се приближи кон формализацијата на механизмот за ослободување на другата половина.
Иако внатрешните прашања и неодамнешното таргетирање на шефот на Ал Каеда во Кабул го искомплицираа прашањето за ослободувањето на средствата, санкциите наметнати врз Авганистан имаа разорни ефекти, од САД беа направени многу малку вистински напори за воспоставување доверба или за директна комуникација со талибанците. Се засилува безнадежноста кај талибанците во врска со какви било позитивни резултати од ангажманот со САД.
Додека САД одлучија да бидат тежок партнер на талибаните, групата има други земји кои потенцијално би можеле да помогнат во оваа тешка фаза. Огромните природни резерви на Авганистан го привлекоа вниманието на Кина, а градовите во земјата опустошена од војната моментално се преполни со можни инвеститори. Талибанците мора да бидат внимателни при склучување на евентуални договори за искористување на ресурсите бидејќи земјата сè уште работи во правен вакуум и договорите склучени без локални закони и регулативи ќе бидат само експлоататорски.
Други партнери кои беа од помош во обезбедувањето простор за вклучување на талибанците во глобалната заедница се Катар и Туркије. Сепак, Катар како близок сојузник на САД можеби нема премногу да отстапува од политиката на Вашингтон кон талибанците, но сепак може да биде корисен соговорник за талибанците додека се отвораат кон светот.
Туркије е една од ретките земји што повика на признавање на талибанската влада. Тие ја оспорија сегашната рамка за создавање на уште еден Авганистан зависен од помош. Дипломатското присуство на Туркије во Кабул и обемот на помошта што ѝ ја дадоа на земјата е модел што треба да го следат и другите исламски и регионални земји. Талибанците, исто така, ќе треба да го извршат невозможниот чин на балансирање за одржување на позитивни односи и со Пакистан и со Индија. Балансот ќе биде клучен.
Потребата од ангажман треба да биде препознаена од талибанците и меѓународната заедница за напорите да дадат резултати. САД немаат алтернатива на талибанците во спротивставаувањето на меѓународните терористички групи кои дејствуваат во Авганистан, ниту можат да се надеваат дека ефикасно ќе ги заменат талибанците.
Талибанците би морале да сфатат дека неисполнувањето на барањата од страна на САД на крајот ќе ги направи парии (лица без права). Талибанците можат да се потпрат на регионални и меѓународни партнери за да го стабилизираат сегашниот политички и економски нестабилен Авганистан, но на крајот, ќе мора да најдат начин да бидат признаени наскоро.
Талибанците и меѓународната заедница би морале да ги приспособат своите очекувања и да не очекуваат премногу и пребрзо резултати. Воспоставувањето доверба е неопходно и обезбедувањето повратни информации за повеќе договорени микро цели ќе бидат првите чекори кон можното признавање на талибанците.
Всушност талибанците треба да признаат дека надворешното признавање е поврзано со внатрешната легитимност. Колку повеќе го губат признавањето од авганистанското население, толку подалеку ќе бидат од признавање во странство.
Војната во Украина и глобалниот политички простор што брзо се менува значи дека прозорецот за талибанците и Авганистан да останат релевантни или важни, брзо се затвора.