Зошто иницијативата на Шолц за проширување на ЕУ е осудена на неуспех?      Фото: Reuters

Германскиот канцелар Олаф Шолц сака повеќе држави да се приклучат на источното крило на Европската Унија (ЕУ). Сепак, тој прво повика на реформи во Унијата во делот на процесот на одлучување со консензус за прашања како што се надворешната политика и даноците.

Неговата визија е уште девет земји да се приклучат на ЕУ. Во период кога Европската Унија во сегашните рамки е загрозена од долгата војна во Украина и нарушените односи со Русија.

Голема грижа на Шолц е падот на авторитетот на Германија во Европа. Одредени проблеми доколку не се менаџираат внимателно можат да доведат до излегување на неколку држави од ЕУ.

Унгарија, Италија, Шпанија ја изразија загриженоста за прашањата околу поддршката за војната во Украина, прашањата за енергетика и односите со Русија.

Новите членки би ја задржале позицијата на Германија како главен авторитет во Европа како и избледената визија на Европа за внатрешната и надворешната политика.

Самопослужување

На идејата на Шолц се гледа како на идеја за самопослужување. Случувањата на неодамнешниот состанок за прашања поврзани со енергетика во ЕУ беа сигнал до Германија дека оваа зима земји како Италија, Грција и Шпанија до одреден степен би можеле против своја волја да и отстапат дел од своите резерви на гас на Германија. Но тоа би значело намалување на индустриското производство кај нив. Сепак овој гест можеби нема да се повтори следната зима.

Германија очајно се обидува да обезбеди нов енергетски договор со било кого. Но долгорочните договори за енергетика бараат долг процес на преговарање. За да се потпишат се потребни години.

Затоа внесувањето нови членки во Европска унија би значело влез и на нивните ресурси. Економската слика кај нив не е добра и тие би и продале дел од нивните ресурси на Германија.

Шолц повика на вистински внатрешен енергетски пазар кој ќе ја снабдува Европа со хидроенергија од север, ветер од бреговите и соларна енергија од југ.

Недостаток на квалификувани работници

Неодамнешното истражување на Институтот за економски истражувања во Германија покажа дека речиси 50 проценти од анкетираните компании се изјасниле дека им недостигаат квалификувани работници.

Најпогодени сектори се угостителството, малопродажбата и градежништвото, а тешко се наоѓаат и магационери. Шолц се надева на пополнување на празнината и смирување на антимиграциските движења со доведување работници во ЕУ.

Многу германски болници особено во руралните средини имаат очајна потреба од медицински сестри и лекари, а ИТ секторот има недостаток на нови луѓе.

Во Германија се спроведува проект за да се донесат ИТ професионалци од Индија, Бразил, Виетнам.

Но Германија има уште еден проблем. Негативниот став на Германците кон работната сила од други земји. Прашајте ги Турците кои по многу генерации овде се уште чувствуваат дека не припаѓаат овде.

Доведувањето на европска работна сила може да и помогне на Германија да продолжи понатаму.

Но визијата на Шолц не ја зеде предвид лузната што ја остави пандемијата со Ковид – 19 или војната во Украина и претстојната рецесија во еврозоната.

Зошто визијата на Шолц ќе пропадне?

Шолц се надева на европските влади кои ги следат насоките на Германија. Италијанците и Грците не еа премногу импресионирани кога неодамна Германија побара од нив да ја намалат потрошувачката на гас.

Ако енергетската криза од оваа година продолжи и во следната зима и зимата 2024 година Германија тешко ќе ги убеди европските партнери да ги игнорираат нивните потреби и да им помогнат на Германците.

Земјите на кои се гледа како на идни можни членки на ЕУ ќе ги преиспитаат нивните одлуки пред да склулат било каков договор за напојување на германската ндустрија која долго време профтираше од евтиниот руски гас.

Според упатените во оваа индустрија Германија купувала руски гас по пвластени цени и дополнително го продавала на членки на ЕУ по речиси четири пати повисока цена. Оттука кога Германија оди во Италија и Грција за нивната соларна енергија треба да плати повисока цена.

Бавната и конзервативна политика на владите во Германија значи дека Берлин не ги сфатил промените кои треба да ги направи во долгорочната стратегија во однос на ЕУ, економијата и внатрешната социјална кохезија.

Внесувањето на посиромашните источноевропски соседи за нивниот човечки енергетски капитал е една работа, но кога нивните економии ќе почнат да пропаѓаат во постојана рецесија во еврозоната Германија и Франција ќе имаат подолг список на зависни членки на ЕУ отколку што тоа беше случај порано.

Исто така губењето на ознаката „Светски шампион во извоз” поради намалената глобална побарувачка за германски производи значи дека некои од компаниите може да се затвораат.

Високите цени на енергијата можат да произведат зголемени стапки на луѓе кои нема да можат да ги платат како и креирање на на зголемени стапки на невработеност.

Ова предизвикува социјални тензии, “германски работни места за германски народ” е слоганот на германската десница. Како Шолц би го оправдал носењето нови работници од странство?

TRT World
Популарни