Топењето на мразот во еден регион на Антарктикот минатата година најверојатно довело до помор на сите снесени младенчиња на царскиот пингвин во четири колонии на препознатливата птица, сметаат научниците.
Тие користеле сателитски снимки за набљудување на размножувањето на колониите во регионот кај Белингсхаузеновото Море. Снимките покажуваат дека мразот бил истопен во декември за време на летото на Јужната хемисфера и датира од 2021 година.
Истражувачите велат дека најверојатно пилињата на царскиот пингвин не преживеале во ниту една од четирите колонии кои ги испитувале. Пилињата пингвини не ги развиваат возрасните водоотпорни пердуви сè до крајот на декември или јануари кога вообичеано им растат, велат научниците.
„Ако морскиот мраз се растопи, младите пилиња ќе се удават или ќе умрат од смрзнување“, вели Питер Фретвел, истражувач во Британското истражување на Антарктикот и ко-автор на студијата објавена во списанието Communications Earth & Environment.
Севкупно, мразот околу Антарктикот достигна речиси рекордно ниско ниво минатата година. Истражувачите велат дека со климатската криза ваквите загуби ќе зачестат во иднина.
Тимот на Фретвел, исто така, изработи прелиминарна анализа на познатите места за гнездење, кои се видливи на сателитски снимки поради обоеното гуано или дамките од измет низ Антарктикот, единствениот континент каде живее царскиот пингвин.
Од најголемите пингвини во светот останаа околу 300.000 парови за размножување.
Од 62 познати колонии на пингвини, околу 30% беа погодени од ниските нивоа на мраз во морето минатата година, а 13% веројатно целосно се без потомство, рече Фретвел.
„Не ме изненадува фактот дека може да се случи нешто вакво, но ме шокира тоа што веќе е започнато, мислев дека не очекува понатаму“, рече Даниел Зитербарт, истражувач кој го проучува Антарктикот за Океанографската институција Вудс Хол, но не беше вклучен во новиот труд.
„Ако пингвините не успеат да се размножуваат на една локација, тие може да побараат друга локација следната година. Но, погледнете преку линијата, колку соодветни места се останати и уште колку такви ќе останат понатаму“, рече тој.
Иако е можно популацијата на царскиот пингвин да се обнови по една или две лоши години на размножување, сепак Зитербарт е загрижен за иднината.