Паркирани приватни авиони на аеродром во близина на Давос     Фото: Reuters

Помина уште едно издание на Светски економски форум во Давос, а темата за спас на планетата од климатските промени повторно предизвика огромни контроверзии и спротивставени гледишта.

Додека се водеа жестоки панел дискусии за тоа што треба да се преземе за намалување на последиците од загадувањето, климатските експерти и активисти ја критикуваа светската елита за прекумерната употреба на приватните авиони.

По излегувањето на статистичките податоци за вкупниот број на летови во неделата кога се одржа СЕФ 2022 и проценетото загадување од јаглероден диоскид кој го предизвикуваат приватните авиони, станува видливо колку еден настан може да предизвика големи промени во вкупното ниво на загадување.

Се летало и на оддалеченост од само 15 километри

Според податоците за периодот од 21-27 мај кога се одржа СЕФ 2022 биле реализирани 1.040 летови, а недела пред и по конференцијата меѓу 500 и 600 прелети на приватни авиони до најблиските аеродроми во Давос.

Се проценува дека тогаш биле создадени 9.7 килитони јаглероден диоскид. Со овој пик на авиосообраќај се смета дека загадувањето било зголемено четирикратно отколку во неделите кога не се одржува форумот и кога има регуларен број на летови.

Само за илустрација исто такво загадување со ЦО2 би предизвикале 35.000 автомобили со повратно патување од Париз до Давос.

Над 60 летови со приватен авион биле реализирани на релации кои се пократки од 100 километри во правец, а уште триесетина летови се спровеле на оддалеченост под 200 километри. Најкраткиот лет бил спроведен за дистанца од само 15 километри.

Давос е изолирано место, загадуваат хеликоптерите и теренците

Да бидат грижите уште поголеми, дополнително загадување со создава и од хеликоптерскиот транспорт на повеќето од гостите, во близина на Давос, а потоа и шатл транспортот со теренски возила до сместувачките капацитети во швајцарското алпско одмаралиште.

Бидејќи Давос е опкружен со планини нема сопствен аеродром каде може да слета патнички авион. Најблискиот аеродром се наоѓа во Самедан Сент Мориц, додека пак голем дел од гостите слетуваат со нивните авиони и на аеродромот во Цирих. Потоа, еден лет со хеликоптер се проценува дека чини 8.500 евра, а трае околу 35 минути.

Главните критики се голем дел од светската популација е далеку од луксузот да патува воопшто, а уште помалку да има пристап до приватен авион, и дека светските економски и политички лидери мора да одберат поефикасни и поеколошки рути за одржување на дебати за спас од климатските промени.

TRT Balkan / агенции
Популарни