Просечната температура во Средоземниот базен е зголемена за 3 степени Целзиусови / Фото: AP

Грција е меѓу најпогодените држави во Медитеранот од климатските промени, кои предизвикаа тешки суши и масовни шумски пожари во изминатите месеци, оценуваат климатските научници.

Кристос Зерафос, виш експерт за клима на Академијата на Атина, вели дека Медитеранот ќе биде потешко погоден од климатските промени од останатите региони во светот.

„Затоа што морето е затворено водата побрзо се топли. Средоземното Море собира енергија од затоплувањето и ја испушта во атмосферата“, објаснува Зерафос.

Последователно, просечната температура во Средоземниот базен е зголемена за 3 степени Целзиусови во последните 120 години.

Како резултат, топлотните бранови почнуваат да се чувствуваат во Западна и Источна Европа, а за првпат во Грција и Туркије се појавија во 80-те години.

Имено, топлотните бранови во овие две држави станаа се поинтезивни и продолжени во последните две децении, оценува Зерафос.

Тоа што се случува во Медитеранот, според Зерафос, не е само зголемување на екстремните топлотни бранови, туку и опаѓање на количината на дождови.

„Затоа влажноста на почвата е намалена за 10%, придонесувајќи за зголемен број шумски пожари, а над 200 илјади хектари шумска површина беа опожарени само во Грција оваа година“, вели Зерафос.

Според него климатската криза ќе има негативно влијание и врз земјоделското производство.

„Фармите во близина на морето негативно ќе бидат погодени од зголемените нивоа на водостојот на почетокот на 2050 година“, додава тој.

Во пресрет на промените, тој апелира да се преземат брзи и ефикасни мерки за прилагодување и справување со климатската криза.

AA
Популарни