Најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти / Photo: AA

Според Државната изборна комисија излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.

“Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места”, изјави Даштевски.

Продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.

Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.

На три места во Куманово гласањето е прекинато и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат ќе има прегласување.

TRT Balkan / агенции
Популарни