Кандидатката за претседател на државата предложена од коалицијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е во водство на првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија. Ова го покажуваат податоците од околу 60 проценти од избирачките места.
Според Државната изборна комисија Силјановска – Давкова до сега има освоено 197.741 или 37,80 проценти од гласовите.
Кандидатот на владејачката коалиција предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, освоил 97.592 или 18, 66 проценти.
На трето место според обработените гласови е Бујар Османи кандидат на ДУИ и коалициските партнери. Тој освоил 81.748 или 15,63 проценти од гласовите.
Кандидатот на опозицијата во албанскиот блок, Арбен Таравари добил поддршка од 11,39 проценти. За него гласале 59.591 избирачи.
За Максим Димитриевски кандидат на ЗНАМ гласале 42.296 односно 8,09 проценти од граѓаните.
Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, има поддршка од 4,49 проценти. Ја поддржале 23.472 гласачи.
Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР добил поддршка од 4.997 гласови односно 0,96 проценти.