Првиот Самит на Европската политичка заедница е можност за Туркије да ги покаже способностите за решавање проблеми покажувајќи „огромни перформанси“ споредено со можностите на другите земји, смета Егемен Багиш, амбасадор на Туркије во Чешка.
Според амбасадорот предноста на Туркије е бидејќи е земја која со векови е „најзападна земја на Истокот и најисточна земја на Западот“.
„Во тек е руско-украинска војна која го загрозува целото човештво и сите се загрижени, но Туркије е единствената земја која може да воспостави дијалог со двете страни“, изјави Багиш.
Токму во чешката престолнина Прага се одржува првиот самит на кој присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој ќе одржи придружни состаноци со други присутни лидери, вклучувајќи го и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Овој формат, предложен од францускиот претседател Емануел Макрон на едно место ќе ги собере 27 земји членки на Европската Унија и уште 17 држави од поширокото окружување.
Меѓи нив се шесте земји од Западен Балкан, како Северна Македонија и Албанија кои ги отпочнаа преговорите за членство, земји од истокот како Азербејџан, Ерменија, Молдавија и Грузија, потоа европски земји кои не се членки како Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн и Велика Британија која ја напушти унијата.
„Таа има за цел да поттикне политички дијалог и соработка за прашања од заеднички интерес и да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент“, се вели во соопштението на ЕУ.
Оваа платформа за политичка координација не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза.