ЕУ испратила 11 противпожарни авиони, над 400 пожарникари, 62 возила и еден хеликоптер во регионот на Еврос / Photo: AA

Во неодамнешните шумски пожари во Грција изгоре површина поголема од градот Њујорк, соопшти во вторникот Програмата на ЕУ за набљудување на Земјата Коперник. „Откриена е вкупна изгорена површина од 808,7 км2 , површина поголема од Њујорк“, се вели на платформата на социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер.

Балаш Иравју, портпаролот на Комисијата на ЕУ за хуманитарна помош и кризен менаџмент рече дека Унијата испратила 11 противпожарни авиони, над 400 пожарникари, 62 возила и еден хеликоптер како одговор на шумските пожари во регионот на Еврос во Грција, наречени најголеми шумски пожари во историјата на ЕУ.

Пожарот во регионот - во североисточна Грција, граничи со Туркије и продолжува да беснее на два големи фронта на својот 11-ти ден, како што објави грчката државна новинска агенција АМНА. Со зголемени копнени и воздушни сили за гасење пожари и со слаб ветер продолжуваат операциите за гаснење на двата преостанати фронта на пожарот во Еврос, во Лептокарија и областа Котронија.

Популарни