Земјите од Западен Балкан донираа различен вид оружје во Украина / Photo: ТРТ Балкан

Авиони, хеликоптери, ракети, пешадиско оружје. Во ова меѓу другото се состои оружјето кое земјите од регионот го испратија во Украина како поддршка за украинските безбедносни сили во војната со Русија. Некои земји од Западен Балкан, како НАТО сојузници, јавно објавија во што се состои помошта за Украина. Други не го прават тоа толку транспарентно, а трети се правдаат дека не донирале оружје за украинската војска. Во продолжение информации за тоа какво оружје беше испратено на украинските боишта.

Северна Македонија го донира оружјето купено од Украина

Северна Македонија која пред три години стана членка на НАТО во Украина всушност испрати најголем дел од оружјето кое го доби од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година. Македонското министерство за одбрана одлучи во Украина да се испратат борбени авиони СУ-25, 12 борбени хеликоптери како и тенкови Т-72 од советско производство. Потврда за ова стигна од министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Северна Македонија на Украина и донираше и пешадиско оружје, муниција на артилериско воздухопловство, артилериска муниција.

Муниција и амбулантни возила од Албанија

Од страна на албанското министерство за одбрана беше потврдено дека Албанија донирала воена помош за Украина. Но не беа соопштени детали околу тоа во што се состои помошта. Притоа Албанија ги демантираше тврдењата кои доаѓаа од Русија дека донираното наоружување завршило на црниот пазар. Од она што исто така е познато Албанија на Украина и испрати амбулантни возила за армијата и муниција, а албанската влада донесе одлука со која и донира на Украина еден милион евра.

Србија објаснува дека не ја помага Украина

Дека ниту едно парче српско оружје не им е продадено ниту на Русија ниту на Украина пред неколку дена потврди и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Со оваа изјава Вучиќ ги демантираше информациите во одредени руски медиуми дека 3.500 ракети од српско производство завршиле во Украина. Тоа според Вучиќ било направено за да и се наштети на Србија. И Русија претходно побара Србија да се изјасни дали српско оружје било испратено во Украина.

Помош од Црна Гора во повеќе наврати

Црна Гора на Украина и испрати воена помош чија вредност е повеќе од десет милиони евра. Помошта се состои од оружје и муниција. Донации од Црна Гора биле испратени седум пати. Првата донација била од прехранбени производи за украинските војници. Другите донации се состоеле од минофрлачки мини, системи за противвоздушна одбрана, муниција, резервни делови.

Минофрлачи од БиХ во Украина

Официјална одлука за испраќање оружје од Босна и Херцеговина во Украина не е донесена. Но сепак на неколку пати во повеќе медиуми и украински Телеграм канали се појавија снимки на кои украински војници отпакуваат минофрлачи наводно произведени во фабриката во Нови Травник БиХ.

Њујорк Тајмс пишуваше дека оружјето од Босна и Херцеговина преку посредници меѓу кои и од САД завршува во Украина. При состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел кој се одржа пред крајот на минатата година беше одржан и состанок на групата за воена поддршка на Украина. На него присуствувапе и претставник на Босна и Херцеговина.

TRT Balkan
Популарни