Ковачевски, Рама и Вучиќ ќе одат на Самитот на ЕУ во Брисел     Фото: АА

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објавија дека ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој ќе започне в четврток.

Ковачевски на Фејсбук напиша дека Северна Македонија има докажани пријатели во земјите членки на ЕУ и дека регионот има целосна поддршка во исполнувањето на стратешката цел - членство во ЕУ.

„Јас, Еди Рама и Александар Вучиќ донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој додаде дека доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот.

„Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија“, напиша Ковачевски.

Рама на Твитер напиша „ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ“.

Сепак, тој додаде дека „нема да има што многу да се чуе за нас“ но оти „ќе бараме да бидеме сослушани за идејата за Нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за Отворениот Балкан кој го промовира духот на Европа и за киднапирање од страна на Бугарија, која го уништува“.

Вучиќ пак имаше најдолг пост на Фејсбук во врска со одлуката за Самитот во Брисел.

„Имајќи предвид дека Република Србија, Република Албанија и Република Северна Македонија доследно ги застапуваат интересите на своите граѓани и на целиот регион на Западен Балкан на сите релевантни меѓународни форуми, одлуката за учество на заедничкиот самит во Брисел е уште една чекор во напредокот на нашата земја, но и јасен сигнал дека и покрај бројните пречки продолжуваме да даваме конструктивен придонес на патот кон европската интеграција“, напипа Вучиќ.

Тој додаде дека се свесни дека темите за кои ќе се разговара на самитот нема да бидат лесни.

„На средбите во Брисел ќе продолжиме да се бориме за дијалогот како главен и единствен правилен модел за решавање на сите отворени прашања, со напори за зајакнување на меѓусебната доверба и интензивирање на комуникацијата со претставниците на Унијата, се со цел продолжување на борбата. за подобар живот.на сите наши граѓани“, заврши Вучиќ.

TRT Balkan
Популарни