Лајчак и советниците од Франција и Германија на средба со Курти во Косово     Фото: Влада на Косово

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалог на Косово и Србија Мирослав Лајчак, како и советниците за надворешна и безбедносна политика на германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Франција Емнауел Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, се состанаа во премиерот на Косово Албин Курти во Приштина.

Лајчак по состанокот кој траеше повеќе од два часа, во кратка изјава за медиумите, рече дека со Курти е разговарано за дијалогот Косово-Србија, како и внесување нова динамика во тој процес и неговото придвижување напред. Порача дека тоа бил длабок и многу важен разговор, и дека сличен состанок подоцна во текот на денот ќе имаат со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград.

Од Владата на Косово е соопштено дека на состанокот е истакнато дека Република Косово покажала своја волја и спремност да се ангажира во принципиелен и добро подготвен дијалог.

Премиерот Курти повтори дека целта на дијалогот, од кој граѓаните на двете земји би требало да имаат корист, треба да биде постигнување на правно обврзувачки договор со взаемно признавање.

Во текот на состанокот разговарано е за потребата за уште посилни напори на сите актери за да европската перспектива стане реалност за земјите од Западен Балкан.

Состанокот следуваше по предлогот во заедничкото писмо на Шолц и Макрон, упатено до Курти, советниците со Лајчак заеднички да ги посетат Косово и Србија, за да се пронајдат опции за брз напредок во процесот на дијалогот.

По тензиите на северот на Косово, на 31 јули со посредство на ЕУ и САД, Косово и Србија постигнаа договор за лични документи, кој почна да се применува од 1 септември. Косовската страна на 1 септември почна процес на пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички кои имаат ознаки на косовските градови на РКС таблички. Меѓутоа, Србија со тоа не се согласува и бара разговори и околу тоа прашање.

AA
Популарни