Меѓународното училиште „Маариф“ домаќин на фудбалски турнир

Меѓународното училиште „Маариф“ во Тетово, при Турската фондација „Маариф“, која спроведува образовни активности во Северна Македонија, беше домаќин на фудбалски турнирот помеѓу училиштата Маариф низ европските и балканските земји.

Како што сопштија од училиштето, на турнирот учествувале ученици од вкупно девет земји, а титулата ја освои училиштето Маариф од Република Албанија.

„Учениците од Маариф како што имаат развој од академски аспект, имаат и придонес од различни активности како и во фудбалот“, соопштија од училиштето, информирајќи за настанот.

TRT Balkan
Популарни