Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел /      Фото: Министерство за одбрана

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана на Република Северна Македонија Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

„На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две третини од сојузничките земји кои ја имаат исполнето оваа заеднички донесена одлука во НАТО“, соопшти Министерството за одбрана.

Се додава дека министерот Мисајловски даде полна поддршка и во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО преку исполнувањето на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување.

„Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра. Додаде дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети и се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на НАТО“, информираат од министерството.

Министерот Мисајловски му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД.

Во попладневните часови, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанокот на Советот НАТО – Украина.

TRT Balkan
Популарни