„Не е човек оној што не го признава геноцидот во Сребреница“, порача тој   / Фото: AA

Ќе доаѓам во Сребреница и во Поточари за да им оддадам почит на жртвите, рече митрополитот Михајло поглавар на Црногорската православна црква по повод одбележувањето на 29-годишнината од геноцидот над Бошњаците во заштитената зона на Обединетите нации во Сребреница.

Митрополитот Михајло им упати јасна порака на оние што ја негираат дури и Резолуцијата на ОН со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Не е човек оној што не го признава геноцидот во Сребреница. Забранете им да влегуваат во Сребреница“, порача митрополитот Михајло.

Тој остро ги осуди оние што во Босна и Херцеговина не дадоа согласност за прогласување ден на жалост на територијата на целата земја.

„Тоа не се луѓе. Нека бидат на онаа друга страна“, порача митрополитот Михајло.

AA
Популарни