Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседателката на Пратеничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси се состанаа во Загреб во пресрет на првиот Парламентарен самит на Кримската платформа.
Пленковиќ по состанокот рече дека средбата ја одбележале две клучни теми, соработката на САД и Хрватска во поддршката на Украина и односите помеѓу САД и Хрватска.
„Од таа страна изразивме задоволство за многу позитивен, нагорен тренд во нашите односи. Се присетивме на фактот дека Хрватска влезе во програмата за исклучок од визи, а Хрватска е и една од првите земји кои влегоа во 'Global entry program'", рече Пленковиќ.
Пленковиќ рече дека Хрватска ја цени поддршката на САД кога станува збор за разбирање за прашањето на еднаквоста на Хрватите како рамноправен конститутивен народ во БиХ.
„Исто така ја цениме и поддршката на САД на основните цели на надворешната политика на Република Хрватска који се пред остварување, а тоа се членство во европодрачјето и членство во шенгенскиот простор“, рече Пленковиќ, додавајќидека двата чекори ја прават Хрватска надворешнополитички посилна, поотпорна и подоверлив партнер на ЕУ и сојузник на НАТО.
Пелоси ја истакна значителната помош која Хрватска ја даде на Украина, како што е прифаќањето на бегалците, но и како морална поддршка.
„Благодарност на Хрватска на соработката, се работи за многу мала земја која е многу значајна во смисла на демократијата, мирот и вредностите, а тие вредности произлегуваат од секој збор кој ќе го изговори претседателот на Владата. Искуството кое вашата земја го имаше и во поглед на агресијата и деминирањето и траимите, тоа ваше искуство може да им помогне на Украинците и на другите кои се жртви на руската агресија. Ви благодарам што сте спремни да помогнете во таа смисла“, рече Пелоси и додаде дека ќе ја продолжи соработката за помош на Украина.
Според неа, енергетиката е алатка која се користи во оваа војна.
„Државите се присилени да го диверзифицираат своето снабдување со енергија поради оваа војна. Хрватска беше во тоа предводник, лидер. Ви благодарам на тоа“, рече Пелоси, заблагодарувајќи се на сето она што Хрватска го направила за Украина.
Одговарајќи на новинарско прашање за употреба на иранските дронови во борбата против Украина, Пленковиќ тоа го осуди изјавувајќи дека „секоја поддршка на агресијата која која Русија ја спроведува над Украина е лош потег.“
„Се противиме секому кој го крши меѓународното право“, рече Пленковиќ и додаде дека руската агресија е токму тоа.
Пелоси рече дека се согласува со Пленковиќ.
„Мислам дека Иран прави голема грешка“, рече Пелоси напоменувајќи дека веќе некое време се обидуваат да потпишат нуклеарен договор со Иран, а тие сега ѝ помагаат на Русија.