Потесна соработка на обвинителствата за воени злосторства на БиХ и Србија / Photo: Обвинителство на БиХ

Во Обвинителството на Босна и Херцеговина се одржува работен состанок на обвинителите кои работат на предмети за воени злосторства во Обвинителството на БиХ и Обвинителството за воени злосторства (ТРЗ) на Србија, а централни теми на состанокот се однесуваат на кривичното процесуирање на предметите во кои двете обвинителства реализираат соработка и комуникација, размена на информации и докази и други процесни активности.

На состанокот е потпишан и Договор за разбирање во областа на поддршката на сведоците, оштетените и жртвите поради нивното учество во кривичните постапки за воени злосторства, кој го потпишаа главниот обвинител на Обвинителството на БиХ Миланко Кајганиќ и главната обвинителка на Обвинителството за воени злосторства на Србија Снежана Станојковиќ, соопштено е од Обвинителството на БиХ.

Наведено е дека договорот ќе настојува на жртвите и на сведоците да го олесни учеството во судски процеси, а исто така ќе овозможи побрза и подиректна соработка на двете правосудни институции, особено во областа на координација на активностите поврзани со сведоците и жртвите, кои се неизоставен дел од секоја судска постапка во предметите за разни злосторства, а кои во многу предмети можат да се наоѓаат во една или друга држава.

Договорот ќе ја олесни комуникацијата со сведоците, организирањето на нивното сведочење, како и други активности кои директно се поврзани со активностите на оштетените лица во предметите за воени злосторства.

Во текот на посетата и работниот состанок на обвинителите ќе биде разговарано за помошта и асистенцијата во предметите во кои двете обвинителства веќе остваруваат комуникација и соработка.

TRT Balkan / агенции
Популарни