Според Американскиот геолошки институт, земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погодил регионот Хокаидо во Јапонија. Photo: AA   

Силен земјотрес денес го погоди североисточниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Според агенцијата, земјотресот со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погодил префектурата Аомори во североисточниот дел на земјата.

Земјотресот е регистриран во 18:18 часот во делови од префектурите Хокаидо, Аомори и Ивате.

„Потресот потекнува од источниот брег на Аомори од длабочина од околу 20 километри“, се додава од метеоролошката агенција.

Според Американскиот геолошки институт, земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погодил регионот Хокаидо во Јапонија.

Нема потврда за предизвикана штета.

AA
Популарни