Скопје протестира: „Стоп за масакрот во Палестина“ / Photo: AA

„Стоп за масакрот во Палестина“ е слоганот на протестот одржан во Скопје во знак на солидарност и поддршка на Палестина, а во организација на Платформата за поддршка на Палестина, формирана од здруженија на различни националности во Северна Македонија.

Граѓани од различни етникуми, меѓу кои Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и други, се собраа пред „Мурат-пашина џамија“ во Старата скопска чаршија, носејќи транспаренти со поддршка за Палестина и осуда на Израел.

„Спасете ја Палестина“, „Спасете ја Газа“, „Слободна Палестина“, „Израел е вистинскиот терорист“, „Престанете да го правите она што ви го правеше Хитлер“, „Молете се за Палестина“, „Не можеме да дишеме уште од 1948 година“, беа само дел од паролите кои собраните граѓани ги истакнаа на протестот. На протестот беше прочитана декларација на три јазици: македонски, турски и албански, во која се истакнува поддршката за Палестина и нејзиниот народ, а се осудува Израел поради нападите врз цивилите.

Граѓаните во Скопје протестираа за поддршка на Палестина AA

„Израел долги години е во позиција на окупатор во регионот и слично како во минатото, и деновиве врши дејности на притисок и насилство врз муслиманското население во Палестина, првенствено во Газа. Нападите на Израел во кои цел се цивили, меѓу кои значителен дел се жени и деца, кулминираа со бомбардирањето на баптистичката болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото. Ние, како поединци со хумана свест, не можеме да останеме неми пред ова злосторство“, се наведува во декларацијата.

Граѓаните присутни на протестот во изјава за ТРТ Балкан ги кажаа своите пораки, истакнувајќи дека Скопје со денешниот протест за поддршка на Палестина е на мапата на градовите во кои се оджаа собири за да се крене глас против угнетениот палестински народ, но и да се упати апел Израел да престане со нападите врз цивилите и да престане да ги прекршува правата на Палестинците.

„Израелскиот терор да биде стопиран еднаш засекогаш. Го молам светот да го види овој терор“, рече за ТРТ Балкан Абдурахман, граѓанин на Скопје.

Медина Чореска, една од присутните на протестот, смета дека светот не смее да остане нем на страдањата на Палестинците.

Скопје протестира: „Стоп за масакрот во Палестина“ Others

„Невини деца, невини жени, невини луѓе умираат. Ова е навистина нереална ситуација“, рече Чореска за ТРТ Балкан.

Таа имаше порака и за младите, во контекст на овие случувања и начинот на кој се информираат за случувањата во светот. „Интернетот да не им го пере мозокот (на младите). Да внимаваат што читаат, каде читаат и како читаат. Затоа што има многу лажни работи, лажни вести кои не доведуваат во пропаст“, истакна таа.

„Сметавме дека е неопходно да излеземе во знак на протест против агресијата што им се прави на нашите браќа и сестри во Газа“, вели Мубедин Сулејмани, еден од бројните присутни граѓани на протестот.

Хузеир Идризи, присутен на протестот, во изјава за ТРТ Балкан нагласи дека страдањето на Палестинците поради злосторствата на Израел трае со децении.

„Овде сме да протестираме против лудилото на Израел што го прави со години. Почна пред 75 години. Сега цел свет мора да каже „Стоп“, без разлика дали се муслимани или не“, нагласи Идризи.

Протестот заврши со учење на делови од Куранот и со молитва за жртвите во Палестина.

TRT Balkan
Популарни