Италија воведе гранична контрола со Словенија по почетокот на конфликтот во Газа во октомври 2023 година, што доведе Словенија да го стори истото на границата со Хрватска / Photo: Reuters

Словенија, Италија и Хрватска денеска потпишаа документ за формирање заеднички полициски патроли кои ќе бидат испратени на надворешната граница на Шенген зоната во Хрватска, јавија денеска словенечките медиуми.

Документот го потпишале министрите за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Покљукар, на Хрватска Давор Божиновиќ и на Италија, Матео Пјантезо, кои се сретнале во Нова Горица, пренесе агенцијата СТА.

Како што изјавија тројцата министри, главната цел на оваа мерка ќе биде повторно воспоставување на режимот на Шенген зоната.

Според Покљукар, формирањето заеднички полициски патроли ќе придонесе контролите на внатрешните граници да бидат непотребни.

Италија воведе гранична контрола со Словенија по почетокот на конфликтот во Газа во октомври 2023 година, што доведе Словенија да го стори истото на границата со Хрватска.

Оттогаш, граничните контроли беа неколкупати продолжени.

Пиантедози верува дека слободното прекугранично движење може повторно да се воспостави во рок од една година.


TRT Balkan / агенции
Популарни