Гаши ја поздрави досегашната соработката со Туркије во повеќе области на безбедноста и изрази подготвеност за зајакнување на истата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Махмут Чевик, потпретседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Претседателот Гаши изрази благодарност за широкиот спектар на активности во Република Северна Македонија спроведени од ТИКА, која долги години е ангажирана во земјава и има реализирано над 1000 проекти во различни полиња.

Претседателот на Собранието ја поздрави досегашната соработката со Туркије во повеќе области на безбедноста и изрази подготвенст за зајакнување на истата.

Чевик денеска присуствуваше на свеченото отворање на реновиранираните простории на Катедрата за турски јазик и книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, финансирано од ТИКА, која исто така донираше и опрема.

Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација претходно имаше средба и со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

TRT Balkan / агенции
Популарни