Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во големата трагедија во Нови Сад, кога се урна настрешница на главната железничка станица, загинале 14 лица, а дека еден од загинатите е државјанин на Северна Македонија. Идентитетот на пет лица се уште не е утврден, јави МИА. „Денеска во 11:50 часот голема трагедија ја снајде нашата држава. На главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе кои беа во непосредна близина на железничка станица,“ рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните. Тој додаде дека според последните информации загинати се 14 лица и дека се надева дека тоа е конечната бројка. „Не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Република Србија, едно лице е државјанин на Северна Македонија“, рече Вучиќ. Тој изјави дека бара Обвинителството во Нови Сад и Владата на Србија да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните за уривањето на дел од настрешницата во Нови Сад. „Одговорните, ве уверувам, ќе бидат казнети. Барам политичка, а пред тоа и кривична одговорност“, рече Вучиќ. Тој посебно им се заблагодари на спасувачите, „на луѓето кои цел ден се бореа и страдаа, на работниците кои со своите машини се обидоа да го спасат секој живот што можеше да се спаси“. „И денеска во оваа голема трагедија успеавме да ги покажеме срцето и душата на нашиот народ, не само Нови Сад, цела Србија застана и остана без зборови. Во еден момент кога спасувачите успеаја да ја извлечат младата жена, а докторите веќе беа подготвени да и ја отсечат раката, затоа што беше притисната од неколку тони, па некако успеаја да ја извлечат со машини, видов солзи радосници кај нашите спасувачи во целата трагедија и сите маки, а тоа покажува колку се големи овие луѓе и каква е целата наша нација“, рече Вучиќ.
1 ное 2024
Вучиќ: Македонски државјанин меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад
„Не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Република Србија, едно лице е државјанин на Северна Македонија“, рече Вучиќ
MIA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Словенечкиот премиер Голоб под истрага за наводен притисок врз полицијата
Извештајот против премиерот до Комисијата за спречување корупција и Обвинителството во ноември лани го достави поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар, која пред две години поднесе оставка од таа функција по кавга со Голоб
Пленковиќ: Иницијативата за недоверба на Владата нема да помине
Ја разбирам вашата цел да барате недоверба од Владата по грешка на еден нејзин член, но нема да помине, ние сме позгрозени од вас од аферата „Барош“ и ќе ја истераме до крај, изјави Пленковиќ во Парламентот каде почна седница за недоверба на Владата
Што друго би сакале да знаете?
Популарни