Проценките на Илон Маск се дека догодина над 1.000 роботи од серијата Оптимус на Тесла ќе бидат ангажирани за работа во фабриките, заменувајќи ја човечката работна сила.
Според ексцентричниот претприемач успехот на Оптимус серијата десеткратно ќе ја зголеми вредноста на компанијата Тесла и ќе прерасне во најпрофитабилна компанија.
Само преку продажбата на Оптимус роботите тој проценува дека Тесла ќе оствари 1 билион долари во профит.
Исто така Маск пред управниот одбор на Тесла го претстави планот со кој производството на еден робот во масовни количини ќе чини околу 10.000 долари, а ќе се продава по цена од околу 20.000 долари.
Сепак, критичарите на неговите планови велат дека и претходно дел од амбициозните прогнози на Маск не се оствариле и дека количината на роботи е далеку од бројката која тој ја претстави.
Но, и покрај тоа управниот одбор на Тесла му ја врачи довербата на главниот директор и Маск има одврзани раце да го спроведе планот.
Засега само два роботи од серијата Оптимус се дел од фабриките на Тесла вршејќи разноразни операции во производната линија.
Нивната предност е во силата со која располагаат и секако заменува на човечкиот фактор таму каде што е соодветно.