Две лица загинаа, а уште три се повредени откако возач на автомобил Тесла неконтролирано и со голема брзина помина на локален пат во Кина.
Драматичните видео снимки од видео надзор го прикажуваат белиот автомобил Тесла Модел Y како за момент застанува покрај тротоар во провинцијата Гуангдонг.
Одеднаш скршна на патот и почна да се движи со огромна брзина, кревајќи прашина на локалниот и фреквентен пат.
Возилото прегази неколку други учесници во сообраќајот и удри во трицикл пред да заврши пред продавница на околу два километри од тргнувањето.
Локалните медиуми јавија дека во несреќата загинале еден мотоциклист и една средношколка, додека уште тројца се повредени.
Цитирајќи го синот на 55-годишниот возач, кинеските медиуми објавија дека имал проблеми со педалата на сопирачката на автомобилот додека мажот паркирал пред семејната продавница. Во меѓувреме, американскиот производител на автомобили Тесла тврди дека податоците добиени од автомобилот покажале дека возачот не ги притиснал сопирачките за време на инцидентот, при што тој наводно притиснал на педалата за гас наместо тоа.
Компанијата додаде дека стоп светлата кои вообичаено светат кога ќе се притисне на кочницата не биле вклучени додека возилото се движело по патот.
Во соопштението, компанијата додаде: „Полицијата во моментов бара агенција за да ги идентификува причините за оваа несреќа и ние активно ќе ја обезбедиме потребната помош“.
Компанијата Тесла и претходно беше обвинета за случаи на откажување на сопирачките, што го негираше во блог пост од 20 јануари 2020 година.
Во него се вели: „Нема „ненамерно забрзување“ во возилата на Тесла.
„Го истражуваме секој поединечен инцидент кога возачот тврди дека возилото забрзало спротивно на нивната намера, и во секој случај кога ги имаме податоците за возилото, потврдуваме дека автомобилот работел како што е дизајниран.
„Со други зборови, автомобилот забрзува ако и само ако возачот му рекол да го стори тоа, а тој успорува или запира кога возачот ќе закочи“.