Австрискиот претприемач на безбедносна технологија и автор Том Урнабек префрла се повеќе механички функции во своето тело.
Она што другите го имаат „при рака“, Урбанек го има „во рака.
На Урнабек во четврток, во просториите на TAURUS Security Technology му беше вметнат 5-тиот чип, овој пат во левата рака, кој ќе го замени клучот за автомобил.
За само неколку недели, Урбанек ќе може да ја отклучи и стартува својата Тесла. Во иднина ќе може да носи панталони без џебови, а повеќе нема потреба да носи ништо со себе освен смартфонот.
На Урбанек во минатото веќе му биле вградени четири чипови во раката, а сега е додаден и петти чип. Третманот го изврши уметник за модификација на телото, кој за 30 минути го вгради чипот долг 2 см и ќе може да го користи за околу 2 недели.
Другите чипови во раката на Том Урбанек ја отвораат влезната врата од станот, канцеларијата, го контролира алармниот систем и врши банкарски плаќања место со картичка. Сега не остана ниту еден клуч. Секој чип чини околу 300 евра.
„Значи, петтиот вметнат чип може да ми го отвори автомобилот. Но можам да вметнам и други функции, како што се контакти, дигитална визит-картичка, врска што се отвора кога ќе му пријдете на пример со мобилен телефон. Би можел да складирам и лозинки или фрази за враќање на паричникот за Биткоин или друга криптовалута“, вели Урбанек. Нема ограничувања со чиповите, освен што луѓето понекогаш се збунуваат кога плаќаат со рака наместо со картичка“, вели бизнисменот.
Раката на Том Урбанек наскоро би можела да направи уште повеќе.
Во секој случај, тој не ја исклучува можноста за вградување повеќе чипови - вклучително и во други делови од телото.
Урбанек во 2016 година ја основаше технолошката компанија за безбедност на недвижности Таурус и е ко-основач на Founders of Europe, потпретседател на Immo Invest Club Austria и има голем број свои инвестиции.