Како компјутерот се смести во нашиот џеб?     Фото: ТРТ Балкан

Компјутерите што ги знаеме денес некогаш тежеле неколку тони и зафаќале простор колку цели соби. Од првите експериментални компјутери, до модерниот персонален компјутер се одвива трка меѓу компаниите, но и меѓу нациите.

Оттуѓениот татко на дигиталниот компјутер

Втората светска војна има голема улога во развојот на компјутерите. Масовниот конфликт ја укажал потребата на нациите да ја подобрат воената технологија. Нацистичкиот режим се заинтересирал за пронајдоците на берлинскиот инженер Конрад Зусе.

Неговиот прв компјутер З1 бил уништен при бомбардирањето на Берлин. Прототипот го склопил во семејниот дом на родителите. Дел од скиците ги сочувал и продолжил да создава нови прототипи. Четвртиот модел бил финансиран од нацистите и употребен за пресметки за артилеријата. Со брзите пресметки се подобрила прецизноста на проектилите, што се смета за почетокот на паметните ракети кои се лансираат со наведување.

По војната Зусе не бил прогонуван бидејќи не бил член на партијата. Но, следните десет години немал дозвола да работа со електронски уреди. Кон крајот на 50-тите формирал нова компанија за компјутери и првиот комерцијален модел го продал на компанија за оптика, а еден модел продал во Швајцарија.

Неговите патенти ги откупил ИБМ, но немал активна соработка со ниту една голема компјутерска фирма, ниту контакт со иноваторите кои развиваат електронски уреди. Иако во одредена смисла се смета за татко на првиот дигитален компјутер, немал директно учество во компјутерската револуција која потоа ќе следи.

Одговорот на сојузниците

Компјутерските машини имаат голема улога во пресвртот во Втората светска војна и поразот на нацистите. Владата на САД го развива компјутерот ЕНИАК со големина од 30 метри и тежина околу 30 тони за големи пресметки на артилеријата.

Бидејќи војната веќе била пред крај, масовната машина која прва имала можности за внес на програма, била користена за развој на хидрогенската бомба. Испитувањето дали е возможно термонуклеарно оружје целосно ќе го смени правецот на војната, а со тоа и на модерниот свет.

Компјутерот создаден од Џон Пресперт Екерт и Џон Вилијам Мучли по војната се користи речиси уште цела деценија за бројни математички и инженерски експерименти и пресметки. Така започнува ерата на модерниот компјутер.

Од машини за научници, до уреди за секој дом

Во поствоениот период идејата за компјутерот била далеку од онаа за масовна примена за широката јавност. Овие машини иако се подобрувале и натаму биле наменети исклучиво за научници, математичари и инженери.

Идеите на научно-фантастичните писатели и пионери Исак Асимов и Алан Туринг ги инспирирале владините тела за посветен развој на компјутерот, но и приватните компании кои гледале шанса за профит.

Пробивот на персоналниот компјутер го започнал Ксерокс, а потоа голема „битка“ воделе ИБМ и Епл. Стив Џобс иако не е компјутерски инженер добил идеја за идеален персонален компјутер.

Џобс ја сфаќал електрониката како дел од животниот стил, а не само како парче опрема кое треба да заврши одредена задача.

Инспириран од јапонската естетика и инженерство, тој го лансирал Мекинтош, најверојатно првиот компјутер по кој ќе „збудалат“ купувачите иако софтверски заостанувал зад конкурентот Мајкрософт.

Големи ривал бил со Бил Гејтс, но нивната симбиоза па дури и меѓусебна поддршка кога компаниите им се во ризик, ќе придонесе за развој на „пи-си“ ерата.

Компјутер каде и да одите

Денес компјутерите ги носиме во нашиот џеб. Смартфоните, кои се дел од секојдневието, имаат идентична сметачка моќ како некои десктоп или лаптоп компјутери. Идејата за персонален компјутер повеќе не значи монитор, тастатура и маус, а следната еволуција се очекува во областа на квантната механика и вештачката интелигенција.

TRT Balkan
Популарни