Кинеските научници открија целосно нов метод за производство на големи количини вода со помош на лунарната почва донесена од експедицијата во 2020 година.
Во 2020 година, кинеската мисија Чанг'e-5 извади примероци од Месечината за прв пат по 44 години. Истражувачите од државната Кинеска академија на науките открија дека минералите во оваа „месечева почва“ содржат големи количини на водород, кој реагира со други елементи кога се загрева на многу високи температури, создавајќи водена пареа.
„По три години длабинско истражување и повторена верификација, откриен е сосема нов метод за користење на лунарната почва за производство на големи количества вода, што се очекува да биде важна основа за изградба на идните лунарни научно-истражувачки станици и вселената станици, соопшти кинеската централна телевизија (ЦЦТВ).
Откритието би можело да има важни импликации за повеќедеценискиот проект на Кина за изградба на постојан лунарен пункт среде американско-кинеската трка за пронаоѓање и ископување на ресурсите на Месечината.
Користејќи го новиот метод, еден тон лунарна почва ќе може да произведе околу 51до 76 кг вода, што е повеќе од сто шишиња вода од 500 мл или дневна потрошувачка на вода за пиење за 50 луѓе.
Кина се надева дека неодамнешните и идните лунарни експедиции ќе ги постават темелите за изградба на Меѓународната станица за истражување на Месечината (ИЛРС) иницијатива што ја води заедно со Русија.
Кинеската вселенска агенција ја одреди 2035 година како година до која ќе биде изградена „базна станица“ на јужниот пол на Месечината, а вселенска станица што орбитира околу Месечината треба да биде изградена до 2045 година.
Најавата за откритието доаѓа додека кинеските научници веќе спроведуваат експерименти на примероци од Месечината донесени од мисијата Чанг'e-6 во јуни.
Додека мисијата Чанг'e-5 донесе примероци од блиската страна на Месечината, Чанг'e-6 извади лунарната почва од далечната, „темната“ страна на Месечината, која постојано е свртена настрана од Земјата.
Важноста на месечевата вода оди подалеку од создавањето одржливост за постојан човечки екипаж. Водата пронајдена на Месечината може да се искористи за создавање на водородно ракетно гориво што би можело да поттикне понатамошно истражување на вселената до Марс и други дестинации.