Кина веќе има развиено 12 хуманоидни роботи / Photo: Screenshot CHINA CENTRAL TELEVISION

Развојот на роботиката е навистина импресивен. Првиот хуманоиден робот со целосна големина Кинезите го претставија на глобалната конференција за вештачка интелигенција во Шангај. Тој е единствен во светот затоа што е поинтелигентен и разноврсен во извршувањето на различни задачи од неговите претходници.

Ова е „Healthy Loong“, хуманоиден робот висок 1.80 метри и тежок 80 килограми. Како човек самоуверено се движи низ сцената, ги поздравува луѓето и ја расчистува масата.

„Користиме технологија со отворен код, вклучувајќи високо бионичка конфигурација на телото. Очекуваме поширока примена на овие роботи во домаќинството и во грижата за болните“, вели Ксу Бин, директор на Центарот за иновации во Шангај.

Веќе се навикнавме на роботиме помошници, доставувачи, готвачи, келнери, но роботиката оди напред. Кина веќе има развиено 12 хуманоидни роботи, а моментално ги тестираат шестножните роботи „куче водич“. Тие им овозможуваат на слепите и лицата со слаб вид да се движат и подобро да го пронајдат својот пат.

„Ако овој робот-куче водич дојде на пазарот и можам да го користам, би можел да реши барем дел од моите проблеми кога патувам сам“, вели Ли Феи, тест-корисник.

Роботите-водичи користат камери и сензори и можат да ги препознаат сигналите на семафорите, што вистинските кучиња не можат.

„Во светот има десетици милиони луѓе на кои им требаат кучиња водичи. Овие роботи се како автомобили, можат масовно да се произведуваат и на тој начин да станат подостапни за корисниците“, вели Гао Фенг, шеф на истражувачкиот тим на Шангајската школа за механичко инженерство.

Слични роботи се тестираат во Австралија и Велика Британија, каде учениците ги забавува познатиот робот Амека. Лесно комуницира со луѓето, а британските училишта го користат за да ја доближат роботиката до учениците.

Децата сакаат роботи иако тешко можат да ја заменат човечката работа.

„Чувствувам дека луѓето се подобри за некои работи. И мислам дека ако добиеме премногу роботи, ќе станеме премногу зависни од нив, а тоа не би било добро“, вели Ада Килгур, студентка.

Царството на роботиката се развива со невидено темпо. Само кинескиот пазар треба да порасне оваа година на 380 милиони американски долари со голема амбиција за пет години да достигне третина од светскиот пазар во развојот на хуманоидни роботи.

TRT Balkan / агенции
Популарни