Научниците соопштија дека климатските промени предизвикаа 41 повеќе опасно топли денови низ светот оваа година, предизвикувајќи широко распространети страдања за луѓето, известува Анадолу.
Група меѓународни научници, истражувачи на Светско временска атрибуција, ги анализираа екстремните временски настани забележани во 2024 година и односот помеѓу климатските промени и овие настани.
Според анализата, климатските промени кои се последица на човечки активности предизвикале 41 повеќе опасно топли денови низ светот оваа година.
Екстремните временски настани предизвикани од климатските промени убиле најмалку 3.700 луѓе оваа година, а поради 26 други временски настани биле причина за раселување на милиони луѓе.
Климатските промени предизвикаа екстремни временски настани кои имаа многу посилно дејствие од Ел Нињо.
Научниците ги повикаа сите земји да ги засилат своите подготовки за екстремни временски услови што се очекуваат во 2025 година и потоа, нагласувајќи дека е потребно многу побрзо напуштање на фосилните горива за во иднина да се избегнат топлотните бранови, сушите, шумските пожари, бурите и поплавите.