Хјуавеи Технолоџис (HUAWEI Technologies) и кинескиот производител на чипови Семикодактор Мануфактуринг Интернешнл Корп-СМИЦ (Semiconductor Manufacturing International Corp-SMIC) произведоа процесор од 7 нанометри и го инсталираа во нов модел на мобилен телефон, откривајќи значителна промена во развојот на чипови, велат аналитичарите.
Процесорот инсталиран во новиот мобилен телефон на Хјуавеи Мате 60 Про се напојува со новиот чип Кирин 9000с, кој беше произведен од СМИЦ во Кина, според тестот на канадската истражувачка компанија Текинсајтс.
Хјуавеи минатата недела го објави Мате 60 Про со спецификации кои ја истакнуваат можноста за остварување сателитски повици. Не се дадени информации за моќноста на вградениот чипсет.
„Напорите на кинеската влада да изгради домашен екосистем за чипови се исплатуваат“
Процесорот ја користи најсофистицираната 7-нанометарска технологија на СМИЦ и сугерира дека напорите на кинеската влада да изгради домашен екосистем за чипови даваат резултати, забележа Техинсајтс.
Резултатите од тестот првпат беа објавени од Бломберг Њуз. Хјуавеи СМИЦ не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Купувачите на телефонот во Кина објавуваат видеа и ги споделуваат на социјалните мрежи резултатите од тестовите за брзина кои сугерираат дека брзините на пренос на податоци на Мате 60 Про се поголеми од телефоните со висока класа 5Г, забележува Ројтерс.
„Облак“ во Саудиска Арабија
Исто така, кинескиот технолошки гигант отвори центар за податоци во облак во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад претходно оваа недела што ќе му овозможи да ја прошири својата понуда на онлајн услуги на Блискиот Исток и Северна Африка.
Облак центарот за податоци во Ријад, 30-ти на Хјуавеи во светот, ќе ги поддржува саудиските владини услуги и ќе овозможи апликации и јазични модели базирани на вештачка интелигенција на арапски, рече претставник на Хјуавеи на брифинг.
„Воспоставувањето на облакот на Хјуавеи не само што ни служи, туку ќе биде и мост за носење други кинески компании во Саудиска Арабија“, рече регионалниот претседател на компанијата, Стивен Ји.
Саудиска Арабија предупреди дека почнувајќи од следната година, повеќе нема да потпишува договори со странски компании кои немаат регионално седиште во Кралството, наведува Ројтерс.
Хјуаевеи се рангираше на петтото место на глобалниот пазар на облак услуги во првиот квартал, со пазарен удел од 2,4 отсто, според истражувачката консултантска компанија Каналис.