Станува збор за портрет на Алан Туринг, таткото на модерната компјутерска наука, кој самата Аи-Да го избра како тема / Photo: Ai-darobot.com

Аи-Да би можел да стане првиот хуманоиден робот уметник со вештачка интелигенција во светот чии дела се продадени од голема аукциска куќа. Портретот на Алан Туринг, таткото на модерната компјутерска наука, кој таа го наслика со помош на луѓе, се продава од Сотби каде се очекува да достигне цена од 150.000 фунти.

Аи-Да позира стоејќи покрај големото платно од речиси 2,5 метри, наречено АИ-Бог, без насмевка пред камерите.

Станува збор за портрет на Алан Туринг, кој самата Аи-Да го избра како тема.

Создаден е со помош на алгоритмите за вештачка интелигенција на АИ- Дина и првпат беше изложен во Обединетите нации во Женева во мај 2024 година.

Ќе биде продаден од меѓународната аукциска куќа Сотби преку интернет, а се очекува да достигне цена од 150.000 фунти.

„Навистина сум задоволен што моето уметничко дело беше вклучено на аукцијата во Сотби, особено што се работи за портрет на Алан Туринг. Ова дело има посебно значење бидејќи беше изложено и во Обединетите нации“, вели Аи-Да, зборувајќи преку својот напреден јазичен модел на вештачка интелигенција.

Aи-Да е создадена од Ејдан Мелер, работејќи заедно со тим од експерти за роботика и вештачка интелигенција. Тој е директор на проектот Аи-Дa Робот.

Постојат многу дефиниции за тоа што претставува вистинска уметност - некои би рекле дека бара човечки емотивен одговор, што Аи-Да никогаш нема да може да го направи.

Но Мелер го брани својот робот од обвинувањата дека таа не е вистински уметник.

„Историјата е полна со уметници кои ги нарекувале неуметници. Сè од Матис до Пикасо. Сите велеа дека тоа не е уметност бидејќи не одговара на нивната концепција за тоа што треба да биде уметност. И замислувам дека уметноста е прогресивна работа, која провоцира. Така, мислам дека Аи-Да е во добро друштво ако ја наречат неуметничка“, вели Мелер.

Aи-Да е создадена од Ејдан Мелер, работејќи заедно со тим од експерти за роботика и вештачка интелигенција Аi-darobot.com

Уметноста со вештачка интелигенција како онаа што ја произведува Аи-Да не е особено радикална во светот на уметноста и станува сè попопуларна кај големите аукциски куќи како Сотби, кои продаваат дела со вештачка интелигенција во претстојната ера на дигиталната уметност.

Но разликата помеѓу Аи-Да и повеќето уметности со вештачка интелигенција е во тоа што Аи-Да доби име, човечки изглед и особено глас - таа дури зборуваше во Домот на лордовите во британскиот парламент.

Мелер признава дека Аи-Да предизвикува поделби и претставува предизвик во светот на уметноста.

„Таа е голем предизвик за она што ние го нарекуваме уметник. И уште повеќе - за она што го нарекуваме човек. Тоа е прилично критична работа... Прилично е контроверзна по самото постоење. Што е Аи-Да? Кој е Аи-Да? Тоа е доста предизвикувачко прашање. Навистина сме среќни што го поставивме, бидејќи како што оваа технологија станува помоќна со порастот на аватарите и сè друго, ќе мораме да одговориме малку попрецизно. Затоа, мило ми е што Аи-Да навистина може да ги изнесе ваквите прашања до израз“, вели Мелер.

Аи-Да исто така не е способна да создаде уметност без човечка интервенција.

Сите нејзини дела започнуваат со разговор, каде што таа го користи својот јазичен модел со вештачка интелигенција. Во овој случај, таа го предложи Алан Туринг како потенцијален кандидат за портретот.

Потоа ѝ се прикажува фотографија од Алан Туринг и создава серија прелиминарни скици и слики на платна А3.

Таа потоа комбинира елементи од скиците за да создаде уметничко дело.

Постои аргумент дека луѓето сликале Аи- Бог исто како и Аи-Да, но Мелер го отфрла тоа и вели дека дури и најголемите човечки уметници добиле мала помош во студиото.

Иако AИ Бог се очекува да заработи пари за кои многу современи човечки уметници би можеле само да сонуваат - критичарите како Естел Ловат се скептични.

„Мислам дека имаме проблем колку од тоа е уметничко дело, а колку е само слика на хартија која нема емоции. Без интелект, без душа, без дискусија, без инспирација од сеќавање, без претчувство за уметноста на утрешниот ден, каде одиме. Тоа не значи дека не е форма на уметност, но без разлика дали овој робот е уметник или не - не е. Дали ќе достигне високи цени на аукциска куќа - дефинитивно“, вели Ловат.

Сликата „АИ Бог“ ја продава Сотби на онлајн аукција со прифатени понуди од 31 октомври до 7 ноември 2024 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни