На престижниот Фестивал на воздухопловство во Република Туркије за првпат е изложен беспилотниот борбен авион Бајрактар Кизилелма, што го проектираше и го разви компанијата Бајкар, која глобално се прослави со успешните серии на беспилотни летала Бајрактар.
Во Туркије се одржува најголемиот светски Фестивал на воздухопловство ТЕКНОФЕСТ КАРАДЕНИЗ, а во Самсун започна финалниот натпревар.
Вниманието на посетителите од утринава го плени новиот производ на турската компанија „Бајкар Технолоџи“, а станува збор за беспилотниот борбен авион Бајрактар Кизилелма, кој за првпат е претставен на јавноста.
AA