УНЕСКО предупреди на прекумерна употреба на новите технологии во училиштата / Photo: Reuters Archive

Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) во својот извештај предупреди дека прекумерното потпирање на технологијата во образованието може да биде непродуктивно, па дури и штетно, доколку се меша во стекнувањето основни вештини, како што е читањето.

„Учениците треба да учат за технологијата во светот, но наставниците треба да внимаваат да не ја користат прекумерно „корисната технологија“ во наставата, предупреди УНЕСКО во својот извештај.

Според УНЕСКО, има малку цврсти докази за додадената вредност на дигиталната технологија во образованието.

Во извештајот, УНЕСКО силно предупредува на технологијата при стекнување на традиционални клучни вештини, кои всушност би можеле да им помогнат на децата да избегнат некои од замките на модерниот дигитален свет.

Важноста на читањето

На пример, учениците со развиени вештини за читање се многу поотпорни на измами преку електронска пошта, изјави Мансо Антонис, главниот автор на извештајот на УНЕСКО.

„Ако научите да читате добро, да читате поради смислата на тоа што го читате, тоа ве прави и подобро подготвени за снаоѓање во дигиталниот свет, а тоа често го забораваме, додаде Антонис.

Технологијата во училницата „може да има штетно влијание ако е несоодветна или прекумерна“, се вели во извештајот.

Антонис исто така истакна дека 20 години по воведувањето на лаптопите во училиштата, јасно е дека таквите политики се успешни само ако се комбинираат со солидна педагошка рамка.

Меѓутоа, само „неколку земји беа доволно трпеливи и имаа доволно енергија да одат во таа насока, истакна Антонис, предупредувајќи дека „не е доволно само да се делат уреди“.

Во исто време, УНЕСКО забележа растечки тренд на забрана на паметните мобилни телефони во училниците.

Секоја четврта земја веќе има донесено закони и прописи во оваа насока.

„Присуството на телефони во училницата може да биде многу вознемирувачко, изјави Антонис.

Забранувањето на паметните телефони во училиштата, дури и во либералните земји како Холандија беше „интересно и изненадувачко откритие“ за истражувачите на УНЕСКО, додаде тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни