Високиот претставник на ЕУ имаше средба со македонскиот премиер Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет во рамки на ОБСЕ / Photo: facebook.com Dimitar Kovacevski

Одењето на Северна Македонија по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над партиските превирања. Сите треба да притискаат за тоа. Тоа е нешто што и треба на земјата. Со цел да напредувате во пристапните преговори треба да постои соработка и да се избегне политичката поделеност и да се слуша Европската унија, порача вечерва високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел на прес – конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Притоа потсети дека единствено уставните измени можат да придонесат земјата да остане на тој пат.

“Можеби не се согласувате со мнгу работи за тоа што е демократија, но не треба да постои политичка поделеност по прашањаат за ЕУ. Ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на уставните измени. Тоа нема да биде од корист на една политичка партија туку за Северна Македонија како земја”, истакна Борел.

Во контекст на уставните измени премиерот Ковачевски изјави дека тиезаедно со претседателските и парламентарните избори ќе бидат една од темите на лидерската средба која би се одржала во понеделник.

“Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до политичките партии и претседтателот на Собранието. Лидерската средба ќе биде закажана за понеделник и ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик. Развојниот план бара реформскиот процес за кој имаме капацитет и воља да го исполниме да продолжи”, изјави Ковачевски.

Македонскиот премиер на средбата со Борел како што се истакнува во владиното соопштение истакнал дека политиките на владата се на линија на европската агенда и земјата има политички капацитети кои можат да придоесат за по успешно завршениот скрининг процес Северна Македонија да влезе во диамичен преговарачки процес и да стане членка на Униата до 2020 година.

Порака за Лавров: Нека му пренесе на господарот на Кремљ зошто Русија е изолирана

Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност на прес конференцијата со Ковачевски се осврна и на министерскиот совет во рамки на ОБСЕ поради кој тој допатува во Скопје.

Според Борел и покрај сите обиди на Русија да го поткопа ОБСЕ, сепак тоа е единствената платформа каде може да се дискутира за заедничката безбедност. Министерскиот совет според него е доказ дека ОБСЕ функционира во полн капацитет.

Борел рече дека ја разбира реакцијата на дел од земјите на учеството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Но сепак одлуката да му се дозволи учество на Лавров како што рече е во согласност со мултилатерализмот како цел.

“Лавров да чуе од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Потоа може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ се обединети осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија”, изјави Борел.

Тој го поздрави предлогот Малта да биде следен претседавач со ОБСЕ.

TRT Balkan / агенции
Популарни