Постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер учествуваше на министерскиот совет во Скопје     Фото: МИА

Лавров уште еднаш ја префрли вината на другите. Ја има усовршено таа уметност. Би било соодветно да направи поголема интроспекција на руското малигно влијание врз повеќето демократски држави вклулително и на Западен Балкан каде што тоа е најнагласено.

Вака постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер ја искоментира изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија. Карпентер додаде дека Русија останува изолирана во ОБСЕ поради војната во Украина.

На прашањето, пак, да ја искоментира изјавата на Лавров, дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и Жозеп Борел кукавички избегале од состанокот со него, Карпентер рече дека никој не сака да седи на маса со Лавров и да слуша лаги и дезинформации и пропаганда.

“Седењето на страна од таа маса има повеќе разумна смисла, освен ако некој не сака мазохизам”, рече Карпентер на прес конференцијата во рамки на Министерескиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Во однос на тоа дали очекува натамошни блокади и вета во ОБСЕ, со оглед дека Малта сега го презема претседавањето, Карпентер кажа дека ОБСЕ ќе продолжи да функционира и оти ова е Организација изградена врз консензус и е воспоставена како алатка за соработка.

Во однос на Косово, Карпентер изјави дека нема промена на политиката на САД

“Го поддржуваме Косово како демократска и независна држава, ги поддржуваме разговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, сметаме дека тоа е важно за регионот, за безбедноста и стабилноста. Ќе продолжиме да работиме со ЕУ за да ја постигнеме таа цел и со нашите пријатели во Косово, каде што има функционална демократска држава којашто ја поддржуваме од нејзината независност”, рече Карпентер.

Тој и изрази признание на Северна Македонија за како што рече, огромната работа што ја напарави за време на едногодишното претседавање со ОБСЕ оваа година во многу тешко време.

За прашањата поврзани со претседавањето со Органзиаијата за следната година, тој информира дека е постигнат договор за претседавачот за наредната година и за продолжување на мандатите на првите луѓе на институциите во рамки на ОБСЕ.

“Среќен сум што можам да известам дека Малта се согласи ба диде претседавач наредната година. Ние сме благодарни што тие ја преземаа оваа одговорност. Тоа е голем предизвик за нив, но ние сме уверени дека ќе успеат да ги одбранат вредностите во претстојната година”, рече американскиот дипломат.

TRT Balkan / агенции
Популарни